петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 40

Димовски: Ова е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

ilija-dimovski-pratenicki-640x350

Поврзани вести

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски рече дека политичката одговорност и замешаноста на луѓе од СДСМ во Фабриката за афери мора да се дознае, а органите ќе си ја бркаат нивната работа.

Тој се осврна и на дискусијата на неговиот колега од СДСМ Горан Сугарески кој објаснуваше зошто немало потреба од формирање на ваква анкетна комисија. Димовски потсети на периодот кога се формираше анкетната за прислушувањето кога истите луѓе кои се денес против анкетна, тогаш инсистираа дека таа мора да се фофмира, да се разговара за одговорноста, собранието да ја прецизира политичката одговорност.

Знаете која е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? Рековте дека сакате анкетна? Ниерековме: бујрум анкетна. Сакавте претседател? Еве ви претседател. Сакавте деловник? Еве ви деловник. Ние немаме што да скриеме. Што имате да скриетелуѓе? Зошто не сакате анкетна комисија?, прашаДимовски.


Пратеничката Лашкоска ги повика пратениците на СДСМ да учествуваат во обелоденувањето на вистината.

Не смеете да браните луѓе кои ја поткопуваат стабилноста на татковината, луѓе кои ја уништуваат Македонија. Ако сакате да придонесете, вклучете се и сите заедно да ја обелодениме вистината за Македонија.

Таа ги потсети и дека секое барање на СДСМ за избори ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа и победува, односно дека целата јавност гледа кој бега од избори, како и дека нема каде СДСМ да бега од избори и од огромниот пораз кој ќе го доживее.

Најчитани вести