среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Димовски: Планирани се огромни средства за големи инфраструктурни проекти во Источна Македонија

-Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, Берово ќе има многу сериозно место и ќе има неколку многу значајни стратешки проекти кои драстично ќе ја сменат сликата за градот, а тоа е плод на нашата желба да инвестираме секаде во Република Македонија и ќе е надградба на сето она што досега сме го направиле за Берово и целата малешевија, изјави Илија Димовски носител на кандидатската листа во ИЕ 3.

источна

Поврзани вести

Општината Берово е мала општина со мал број на жители  и со мал финансиски буџет, затоа Владата на Република Македонија преку различни програми и Министерства финансираше десетина милиони евра во проекти кои што значеа рехабилитација кои што сега се изведуваат како што се на канализациони системи, изградба на асфалти, улици, изградба на игралишта како во градот така и во населените места, подобрување на туристичката понуда со изградба на туристички патеки околу Беровското Езеро и со целиот склоп на инвестиции кои што значеа реновирање на училиштата поддршка за градинките, комплетна реконструкција на здравствениот дом и со нова медицинска опрема во овој град, а сето ова значи пристоен живот во ова населено место, потенцираше Димовски.

Тој исто така истакна и дека парламентот и владата на Република Македонија во неколкуте буџети наназад, но и во неколкуте буџети во иднина планираат огромни средства за големи инфраструктурни проекти во Источна Македонија, како што се патишта, изградба на гасициона мрежа, а со тоа овие најдалечни места од главниот град ќе ги направат поблиски до центарот.

Тимот кој што ВМРО-ДПМНЕ го има во Берово и пошироко, внимателно работеше досега, а уште повеќе ќе работи и во иднина. Ние сме благодарни за поддршката на Берово која што сме ја имале континуирано, знаеме да цениме и ќе возвратиме на тоа, исткна Димовски.

Најчитани вести