Димовски: По одземањето на пратеничкиот имунитет, не се знае дали ќе ги поддржиме реформите

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, според сѐ судејќи, го менува ставот за поддршката за предвидените реформи во таканречениот владин „план 3-6-9“, откако шефот на најголемата пратеничка група во Собранието,  Илија Димовски за телвизијата Алсат М потврди дека по последните случувања кои резултираа со одземање на имунитетот на шесте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, работите се променети и дека отсега нема никакви гаранции дека ова партија ќе ги подржи потребните реформи за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.

„СДСМ покажа дека нема потреба за опозиција во Собранието. Отсега натаму сѐ е можно. Нашиот став многу е променет, поради политичкиот реваншизам“, вели Димовски.

Имајќи го предвид бројот на мандатите коишто ги има опозициската ВМРО-ДПМНЕ во парламентот, доколку нејзината пратеничка група не ги подржи реформите, тие нема да можат целосно да бидат реализирани.