Димовски: Политичарите од албанските партии потврдија дека програмата на СДСМ е само обична лага

-Имавме неколку изјави од колеги кои што доаѓаат од БЕСА, од ДУИ, од Алијанса за Албанците, кои што тврдат дека оној лист програма кои што вие го покажувате како програма за влада е само на СДСМ, дека не е тоа заеднички документ и дека не е документот на кој што врз база се формира парламентарното мнозинство, туку дека во документот за парламентарно мнозинство непрескоклив дел е и платформата, декларацијата, резолуцијата, од Тирана, од Скопје, небитен е насловот, содржината е битна, рече Димовски.

Тој ја потенцираше изјавата на Али Ахмети од 2011 година во која што кажува дека Македонците вршеле геноцид врз Албанците во 1945 година и дека тоа за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо, додека СДСМ со прифаќањето на платформата истото го поддржува.

-Во содржината ние видовме дека треба да се осуди геноцидот. Ние вчера видовме во изјава на Али Ахмети дека е насочен во Македонците после 1945 година. Значи има многу содржински работи кои што низ убави зборови не можеме да ги прескокнеме. Не можеме да прескокнеме дека Македонците се геноциден народ. Има изјава од Ахмети во 2011 година каде што тврди дека Македонците вршеле геноцид во 1945 година и тоа денес е дел од платформата кој што е прифатена од СДСМ, додаде Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.