Димовски: Предлогот на СДСМ за медиумите е неуставен

Предлогот кој што го достави СДСМ во многу делови е неуставен и е спротивен на Европската конвенција за човекови права. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски пред почетокот на разговорите на работните групи во Клубот на пратеници, нагласи дека предлогот кој што го достави СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ е комплетно неприфатлив.

Како што рече, првенствено во многу делови, предлогот е спротивен на Уставот на Република Македонија и е спротивен на Европската конвенција за човекови права кој што гарантира слобода на мислење став и изразување, вели Димовски.

Предлогот на СДСМ предвидува зголемување на казните за медиумите, комплетната раководна структура на Управниот одмор на Агенцијата за медиуми и МРТВ да биде составена исклучиво од лица кои што работат во НВО финансирани од СОРОС. Односно тоа треба да значи дека Република Македонија целата медиумска сфера ќе ја отстапи на фондацијата СОРОС и тие ќе одлучуваат кој медиуми ќе работи а кој медиум нема да работи, како да работи, дали смее или не смее да зборува, дали смее или не смее да има емисии, рече Димовски.