Македонија,Политика

Димовски: Преставувањето на Манчевски како жртва е арогантно и неприфатливо

Димовски: Преставувањето на Манчевски како жртва е арогантно и неприфатливо

Неговото самопретставување за жртва е арогантно и неприфатливо. Фирмата на Манчевски работи по тендер, а тој се обидува да и каже на јавноста дека е жртва, вели пратеникот и директор на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски коментирајќи ја вчерашната изјава на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски откако беше обелоденето дека бил сопственик на фирма која добила тендер од општинското претпријатие „Куманово паркинг“.

DOKUMENT

„Тој вели дека се повлекол, но не е така. Дамјан Манчевски до ден денес е лице за контакт според официјалните документи на фирмата Метропаркингплус ДОО Скопје. Оправдувањата кои за себе ги кажува Манчевски дека тој е нов и не бил политички експониран се целосна невистина. Впрочем Дамјан Манчевски е познат на политичката сцена многу оддамна. Да потсетиме дека токму тој беше шеф на кабинет на Радмила Шекеринска во време кога таа беше Претседател на СДСМ. Дамјан Манчевски уште пред добивањето на овој бизнис бил професионално вработен во СДСМ како шеф на кабинетот на Шекеринска. Живеел од политика. Дополнително, тој во минатото беше и потпретседател на подмладокот на СДСМ“, вели Димовски.

Javna nabavka - Metroparking Belgrad so Kumanovo Parking

Димовски дека и градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц, иако тврдел дека не знае ништо за бизнисот вреден 400.000 евра, бил запознаен и сега се обидува да ја избегне одговорноста.

pic

„Настапот на градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски – Циц со кој тој се прави како паднат од вселената говори за две работи. Прво, дека е свесен за проблематичноста и коруптивноста на оваа јавна набавка и дека го остава потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски сам да се вади од овие проблеми. И второ, дека сака да ја избегне својата одговорност од овој коруптивен скандал, но не може и не смее, бидејќи токму градоначалникот на Куманово е тој кој го назначува директорот на јавното општинско претпријатие Куманово – паркинг“, изјави Димовски.

Според документите кои ги презентираше Димовски, фирмата Метропаркинг во јануари 2011 година склучила договор со Куманово паркинг по добиен тендер, потоа работата била префрлена на скопската Метропаркингплус.

„Фирмата од Белград е само параван и начин како да се затскрие скопската фирма во која сопственик е потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски. Впрочем, ако се е чисто и ако нема ништо спорно, зошто воопшто требало да се појавува параван фирма од Белград која на денот кога го потпишува договорот ги преотстапува сите права и обврски на скопската фирма во која сопственик е Дамјан Манчевски“, тврди Димовски.

Димовски повика Манчевски и Дамјановски да ја прифатат одговорноста и дадат одговори.