Димовски: Производството на сертифициран семенски материјал е значајно на Македонија

Производството на сертифициран семенски материјал според министерот за земјоделство Љупчо Димовски е од особено значење за развој на земјоделството и за задоволување на потребите на пазарот во Македонија.Димоски денеска присуствуваше на манифестација „Ден на полето за житни култури, што се одржа во кумановското село Клечовце, во организација на земјоделската задруга „Агростарт”.

Станува збор за традиционален настан кој има цел презентација на постигнатите резултати на земјоделците од повеќе региони, размена на искуства и презентација на современа механизација, сертифициран семенески материјал, употреба на современи заштитини мерки при производство на пченица.

– Во изминатите неколку години формирана е работна група која интензивно работи токму на подигнување на квалитетот и приносите на пченицата во Македонија. Дел од тој тим е токму компанијата „Агростарт“ бидејќи преку нивните практични искуства ги надградуваме и креираме сите политики и мерки кои се вградени во програмата на Министертвото, со цел да се создаде неопходната соработка помеѓу земјоделците и производителите на сертифициран семенски материјал. Доколку сакаме да имаме приноси по единица површина од над 3.000 килограми по хектар, тогаш мора да се користи и таков материјал, рече министерот Димовски.

Тој ја нагласи важноста од користењето сертифициран семенски материјал и потенцира дека покрај основните субвенции од 9.000 денари, предвидени се и 3.000 денари за покривање на трошоците за набавка на овој материјал, што пак е опфатено и со Националната петгодишна програма за развој на земјоделството.

– Ќе следи период кога неколку компании што ќе ги исполнат условите да бидат лиценцирани за производство на овој материјал, со што ќе се покријат потребите на македонското земјоделство, а веднаш после тоа и самите субвенции би биле условени со обврската, исклучиво да се користи материјал кој што ќе обезбедува квалитетен род, поголеми приноси за задоволување на потребите на пазарот и исклучување на потребата на увоз на пченица или увоз на брашно надвор од Македонија, појасни Димовски.

Според него, особено внимание се посветува на овој сектор во земјоделството како и на мелничкиот сектор. Минатата година се воведени се контролни маркички за увоз на брашно надвор од пазарот на Македонија и во истовреме и маркички кои ги обврзуваат домашните млинови за пуштање во промет на брашно на пазарот во Макеоднија, исклучиво со евидентирана маркичка, со што, како што нагласи, се воспоставува систем на контрола, на самиот промет со брашно и на откупот на пченица.

– Кај производството на лебот, пецивата, имавме проблеми во тој дел и сега со воведувањето на овој систем на тие заштитини маркички полека се премостува. Драстично е намален увозот на брашно во Македонија, што значи дека сме ги заштитиле домашните млинови од нелојална конкуренција, а во истовреме идниректно сме ги заштитиле и произведувачите на пченица да можат без особени проблеми она што ќе го произведат да биде откупено од регистрираните откупувачи на пченица. Дополнително на тоа ќе се оди во насока на лиценцирани или обврзување на овие откупувачки компаниии да имаат приложено одредена банкарска гаранција или хипотека со која ќе гарантираат дека сето она што ќе биде откупено навистина ќе биде и платено. Не сакаме македонскиот земјоделец да има проблеми со откупот, со произведената количина на пченица и да биде заштитен и околу навремената исплата на пченицата, рече Димовски.

Оваа година како што информираше министерот посеани се 95.000 хектари со пченица и се очекува принос од околу 3,2, до 3,3 тони по единица површина.

– Ќе имаме вкупна количина на производство од околу 300.000 тони, да напоменам дека во изминатиот период се откупуваше од целата количина произведена пченица некаде околу 150.000 тони, останатите 150.000 тони одеа за сточна храна, наведе Димовски, кој претпоставува дека и оваа година ќе има потреба од увоз, но првин ќе се настојува да се обезбеди непречен откуп на пченица од македонските земјоделци.

Деканот на Земјоделскиот факултет од Унивезризтетот од „Гоце Делчев“ ,Штип Илија Каров ја истакна потребата од користењето на семенски материјал, навремени заштитни мерки за поголеми приноси на пченицата.

– Во оваа компанија е напаравен добар спој помеѓу науката, образованието и праксата, вели Каров и ја нагласи потребата од користењето на современите заштитни мерки при заштита од болести, зашто само на тој начин може да се очекуваат поголеми приноси. Очекува намалени приноси кај некои земјоделци поради ненавремената примена на зештитините мерки.

Сопственикот на „Агостарт -Клечовце“, Бубе Трајковски потенцира дека кај нив приносите се повисоки, бидејќи се користи сертифициран семенски материјал од домашно производство, но и од увоз и се применуваат сите мерки за заштита на пченицата како и современа механизација.

– Оваа година е мошне специфична и покрај тоа што се одлични услови имаше врнежи, сепак од друга страна се развија многу болести. Каде што е употребен сертифициран семенски материјал, каде е употребена навремена заштита може да се очекуваат одлични приноси, но за жал одредени парцели каде не е извршено третирање, резултатите нема да бидат на очекувано ниво, посочи Трајковски.

Тој додава дека во различни региони потребо е да се користи одредена сорта на пченица за да се постигнат максимални резултати по приноси.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.