Димовски: Разрешувањето на Зврлевски е класичен реваншизам

Според пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, иницијативат за разрешување на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, претставува класичен пример на партиски реваншизам.

Димовски истакна дека не е изненаден од образложението на претставникот на владата кое траело пет или шест минути, време кое е прекратко за да образложи волку сериозна одлука. Тој додаде дека образложението од владата е препишан текст од неколку прес конференции на СДСМ и нема ниту еден податок, бројка, нема анализа за капацитетите на работа и за стандардите, нема ниту мерит систем единствено нешто кое го има владата како аргумент е партискиот реваншизам.

,,Денешната иницијатива е класичен партиски реваншизам, што е во насока на сето она што го гледаме во почетокот на мандатот на оваа влада. Тоа не е веројатно одлика на претставникот на владата, но е генерална карактеристика на целата влада“, рече Димовски.

Илија Димовски истакна дека спротивно на законот се назначија директори во еден куп агенции како на пример на Агенцијата за администрација и Управата за Јавни Приходи. Со тоа на јавноста и е јасно дека СДСМ нема намера да се исполнат предизборните ветувања за департизација, подигнување на ефикасност и квалитетот на работа на институциити. Намерата на СДСМ е груба партизација и читање на прес конференции за вакви сериозни теми и одлуки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.