понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 0

Димовски: Со ротациите на функции ќе се намали можноста за непотизмот на Спасовски во МВР

Не 15 часа, 15 години Андонов да биде министер и најлош министер на светот да биде не може да ја направи штетата, што во минатите две години вие ја направивте врз македонската економија, посочи Димовски.

dimovski-640x362

Последни вести

Очигледно е како што ќе отчукува часот до 11 декември, ваквите нервозни и шокирани реакции кај СДСМ ќе бидат се поголеми, порача координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Договор има меѓу 4-те политички партии , но до последен момент со СДСМ не се знае, додаде тој.

-10 договори се склучија и 10 договори се прекршија. Дали сме ние криви што сме поверувале или вие сте криви што си поигрувате со цела држава тоа граѓаните ќе го кажат. Нема ние да го кажеме. На крај, не 15 часа, 15 години Андонов да биде министер и најлош министер на светот да биде не може да ја направи штетата, што во минатите две години вие ја направивте врз македонската економија. Со повлекување на депозитите, со шпекулации на берза, со намален број на странски инвестиции, заради тоа што сите фирми и домашни и странски очекуваат и исечкуваат завршеток на политичката криза, подвлече Димовски.

Таа штета е заради вас и заради вашата политичка партија и деструктивна политика, рече Димовски.

-Ова што денеска го правиме е комплетно во согласност со Уставот на Република Македонија. Вашата шокираност и вознемиреност е заради тоа што на овој начин со овие две три ротации кои што ќе се направат денеска и утре, ќе се намали драстично можноста за непотизмот на Оливер Спасовски во МВР, заклучи Димовски.

Најчитани вести