Димовски: СДСМ го допре дното и покажа во каква политичка агонија се наоѓа

Единствениот аболициран политичар за криминал тежок 8 милиони евра, Зоран Заев се подлабоко тоне и сака во жива кал со себе да го повлече СДСМ, нивното членство, целиот народ и  целата државата, истакна денеска на прес-конференција, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Соопштението Ви го пренесуваме интегрално

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашното палење, демолирање, кршење и  вандализам  на хулигани од СДСМ и СОРОС. Со тоа креираше хаос, се нарушува безбедноста и спокојството на граѓаните и повторно се предизвикува огромна материјална штета врз државните институции.

Вчера СДСМ демонстрираше анархија и беззаконие преку платени маскирани хулигани со една единствена цел, да го предизвика гневот на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија и да поттикне меѓусебно закрвување и конфликт. Ние знаеме дека тоа им е крајната цел.

Вчера СДСМ доживеа дебакл и не успеа да ги наполни ниту половина од резервираните автобуси кај превозниците. Тоа се случи  бидејќи голем број од членовите на СДСМкои размислуваат разумно, рационално и кои чуствуваат патриотизам спрема оваа држава не сакаат да учествуваат во погубното сценарио на Зоран Заев.

Вчера СДСМ го допре дното и покажа во каква политичка агонија се наоѓа. Народот јасно виде дека во партијата нема ниту една конструктивна идеја со која би се излегло на политички мегдан и дека сите капацитети на ова раководство на СДСМ се посветени на целосна деструкција, насилство и вандализам.

Единствниот аболициран политичар за криминал тежок 8 милиони евра, Зоран Заев се подлабоко тоне и сака во жива кал со себе да го повлече СДСМ, нивното членство, целиот народ и  целата државата.

Ова што вчера го демострираше СДСМ не е ниту борба за слобода, ниту борба за правда. Ова е борба на криминалното подземје со легитимните државни  институциите. Оваа е борба на единствениот аболициран  политичар Зоран Заев со државата.

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува сите навреди и закани искажани кон полициските службеници. ВМРО-ДПМНЕ им изразува целосна поддршка на полициските службеници и нивните семејства кои секојдневно се осудени да гледаат како хулигани под заштита на Зоран Заев и СОРОС ја загрозуваат безбедноста на нивните татковци, синови, браќа.

Граѓаните на Република Македонија знаат да го ценат тоа.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува полициските службеници да продолжат да работат согласно Уставот и закононите на Република Македонија и да ја бранат државата и граѓаните од ваквите насилници. Насилството и вандализмот не смеат да поминат не казнето и секој што дивее и уништува треба за тоа соодветно да одговара.