Димовски: СДСМ го згази достоинството на 200.000 работници со криминалната приватизација

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната седница на Собранието на Република Македонија на која се дебатира за Буџетот за 2016 година ги потсети пратениците од опозицијата да се потсетат на изгубеното достоинство на 200.000 работници кои што останаа на улица преку криминалната приватизација.

-Господине Јосифовски ви препорачувам подобрите пратеници од СДСМ кои што се разбираат од економија да ги замолите да ви објаснат некои работи наместо да правите кавги со неколку колешки.

Значи во 2006 година во Република Македонија имало активни 566 000 работни места, денес бројката на активни работни места е 690 000, значи во 2006 година 566 000 луѓе оделе на работа, денес одат 690 000 луѓе.

Околу странските инвестиции, околу 90 тите имаше една затворена политика кога се приватизираше целокупното стопанство. Тогаш имаше идеи дека македонското стопанство треба да оди на ваучер систем, сите граѓани да добијат одреден број на акции и тие да можат да ги продадат на странски компании или опција која што исто така не се прифати, аукциска приватизација со која што ќе можеа странски компании да дојдат и да ги купат македонските компании. Наместо тоа се одбра пратениците кои што беа тогаш од власта на СДСМ да си донесат закон и две третини од тие пратеници од 1994 до 1998 година станаа газди на претпријатијата во Република Македонија. Потписник на тој закон беше и вашиот лидер Тито Петковски како претседател на Собранието. Тоа време 200 000 луѓе останаа без работа, истакна Димовски.