Димовски: СДСМ не ги осуди своите членови кои посакаа да се повтори Куманово

Хулиганите на СДСМ кои протестираат дивеејќи низ Скопје, удирајќи по полицајците и сквернавејќи спомен обележја, им посакаа на македонските безбедносни сили да им се повтори Куманово, мислејќи на битката со терористите кај Диво Насеље.

ВМРО-ДПМНЕ жестоко го осудува овој чин, потенцирајќи дека невладините на СОРОС и СДСМ не го осудија тој чин.

-Ниту едно лице од СДСМ не го осуди тој настан, кој се случи два пати од двајца различни членови на СДСМ. Ниту еден претставник на таканаречените невладини организации не го осуди тоа. Болните спомени кои доаѓаат од тие моменти, скоро една година зад нас исто така не потсетуваат на сите манипулации и на сите лаги кои СДСМ и медиумите блиски до нив, тогаш ги ширеа. Се сеќавате дека медиуми блиски до СДСМ цел ден изнесуваа вести дека цело семејство со мало девојче е убиено во акцијата на полицијата? Подгреваа меѓунационални конфликти, подгреваа луѓе да излезат на улица и меѓу себе да се пресметуваат? Каде е тука одговорноста? Каде е осудата од новинарските здруженија за таквото однесување? Во оваа држава мора да запре насилството и мора да запрат манипулациите. Се што е да се поддржи мора да се поддржи. Ние ги поддржуваме протестите, луѓето нека си излезат нека си кажат, но не поддржуваме напад врз македонската полиција, не поддржуваме напад врз било каков објект без разлика дали е во државна или приватна сопственост. Не поддржуваме закрвување меѓу луѓето, не поддржуваме закрвување внатре во фамилиите… Време е да запре тоа, рече Илија Димовски.

Тој потенцира дека е време да се одржат изборите и на најдемократски начин сите граѓани да си гласаат за партијата која ја поддржуваат зошто на тој начин завршува криза секаде во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.