Димовски: СДСМ не се откажаа од идејата да носат антидржавен закон за двојазичност на цела територија на земјата

Колегите од СДСМ конструктивно не се откажа од дискусијата за разрешување на Марко Зврлевски, но исто така колегите од СДСМ конструктивно се откажаа од дискусијата за информацијата за пожари, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во понеденикот во текот на новото продолжение на собраниската седница за разрешување на јавниот обвинител.

„Конструктивно се откажаа од отворената дискусија со договорот со Бугарија, одбегнуваат да дискутираат за плановите на Владата на Република Македонија за населување на неколку десетина илјади мигранти и делење на државјанства на мигранти. Конструктивно се откажаа од иницијативата да дискутираме за проблемот со депонијата во Струга, од идејата да дискутираме за продолжување на породилното отсуство, од идејата да дискутираме за зголемување за 5 отсто на платите на вработените во армија, полиција здравство, образование“, иронизираше Димовски.

Димовски додаде дека пратениците од СДСМ не се откажаа од идејата да ги сменат сите директорски позиции во Република Македонија, од идејата да ги кршат законите кога назначуваат в.д. раководители надвор од институциите и дека во градовите низ Македонија има преку 500 спротивни на закон назначувања.

„Не се откажаа од идејата со антидатирања да назначуваат лица и во неделата после распишување на изборите. Назначуваат лица за раководители на институции една недела после распишување на изборите и ги антидатираат документите на 5-ти август и претходно заради тоа што дека членот 8-а важи за сите. Тоа прашање еден ден ќе се отвори зошто сите документи се антидатирани“, рече Димовски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, потенцираше дека СДСМ воопшто не се откажаа од идејата да снема 177 милиони евра од државните девизни резерви и дека не се откажаа од идејата за 101 милион евра да го зголемат задолжувањето на Република Македонија, а утре е планирано ново од 44 милиони.

„Не се откажаа од идејата македонскиот јазик да биде понижен и ставен како јазик од втор ред при вчерашната прослава, не се откажаа од идејата да носат антидржавен закон за двојазичност на цела територија на Република Македонија“, истакна Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.