Димовски: Ако СДСМ е сигурна дека ќе победи, ќе го прифатеше мнозинскиот модел

Ако СДСМ е сигурна дека ќе победи, ќе го прифатеше мнозинскиот модел. Ова е ставот на кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Тој во интервју за телевизијата Сител вели дека со предлозите кои ги видовме околу изборниот модел, се виде јасно која партија на кое место планира да биде на следните избори.

Доколку СДСМ планира и знае дека ќе победи, односно е сигурна, апсолутно мнозинскиот систем ќе го прифатеше, бидејќи тој нуди стабилност, односно поголемо мнозинство за победникот, вели Димовски.

Со пропорционалниот модел има елитизирање на политичката сцена

Како што вели со овој модел не е точно дека има бипартиски систем, затоа што во овој момент во македонското Собрание има 14 различни партии, во претходниот мандат имало 19 различни политички партии, во мандатот претходно 21 различна партија.

Дополнително, со предлогот за 17 пратеници плус кој што морам да потенцирам не е измислица во Македонија, туку е систем кој постои и во други европски држави, го има во Грција, го има во Италија, се стабилизира политчкиот систем во смисла на шареноликоста која ја има. Не е точно дека имаме бипартиски систем, во овој момент во македонското Собрание има 14 различни партии, во претходниот мандат имало 19 различни политички партии, во мандатот претходно 21 различна партија. Значи партиципативноста на различни партии е на многу високо ниво. Доколку ги погледнете европските држави каде има пропорционален изборен модел има две, три, четири, максимум пет застапени политички партии, вели Димовски и нагласува дека со пропорциналниот модел кој го нуди СДСМ имаме елитизирање на политичката сцена.

Она што е битно за мнозинскиот модел, посочува Димовски, е тоа дека ќе се дозволи локализирање на интересите на граѓаните преку конкретни пратеници, односно граѓаните во пооделни општини ќе знаат за кои личности кгласаат.

Тој понатаму во интервјуто нагласува дека со пропорциналниот модел кој го нуди СДСМ имаме елитизирање на политичката сцена и како што вели „скопјанизирање“ и појаснува дека лидерствата на политичките партии секогаш ќе имаат предност при пропорционалниот изборен модел затоа што секогаш ќе бидат на горните позиции на листите.

Целото интервју погледнете го во приложеното видео.