недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Димовски: СДСМ против подобрување на ефикасноста на администрацијата

Направивме одложување на некои реформи во администрацијата кои што ќе беа полезни за граѓаните. Мислам дека не е ова начин на кој што треба ова Собрание да работи и е уште еден доказ покрај многуте други дека ден побрзо ова Собрание треба да го заврши својот век, заврши Димовски.

Димовски: СДСМ против подобрување на ефикасноста на администрацијата

Димовски: СДСМ против подобрување на ефикасноста на администрацијата

Поврзани вести

На денешното продолжение на 97-та пленарна седница во Собранието на Република Македонија, координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски посочи дека Предлог законот за изменување на Законот за организација и работа на органите на државната управа беше од исклучителна важност за подобрување на работата на администрацијата, со што неговото недонесување ќе значи стопирање и одложување на реформите кои требаше да бидат од корист за сите граѓани на нашата држава.

-Дозволете ми повеќе заради јавноста да кажам дека тоа што не го изгласавме сега, заради тоа што беше потребно двотретинско мнозинство е познато наречен Закон за организација на државните служби кој што беше исклучиво усогласување со Законот за општа управна постапка каде што пак предвидовме низа од мерки за подобрување на ефикасноста на управните постапки спрема граѓаните, истакна денес Димовски.

Во продолжение Димовски истакна дека ваквото однесување на дел од пратеничките групи во Собранието, мислејќи пред се’ на пратеничката група на СДСМ, е крајно неодговорно и причина повеќе Собранието на Република Македонија час поскоро да се распушти и да се замине на предвремени парламентарни избори.

-Значи, јас можам да ги разберам и не се лутам на сите политички постапки од пратеничките групи во Собранието кои што имаат дневен карактер, но е прилично неодговорно да не се изгласа еден ваков закон кој што е закон за усогласување знаејќи го фактот дека во минатите два месеци изгласавме точно 107 вакви закони. И денеска не гласаме системски закон за кој што е потребно двотретинско мнозинство. Зошто? Нема објаснување. Што направивме? Направивме одложување на некои реформи во администрацијата кои што ќе беа полезни за граѓаните. Мислам дека не е ова начин на кој што треба ова Собрание да работи и е уште еден доказ покрај многуте други дека ден побрзо ова Собрание треба да го заврши својот век, заврши Димовски.

Најчитани вести