Димовски: СДСМ секогаш пред избори го прави истото, хаос во Собранието

Колегите од СДСМ и на комисија и на координација и во билатерални средби, дел од нив и овде присутни, додаде Димовски, јасно и гласно ми дадоа до знаење дека нивната цел не е ниту да се подобри законот, ниту да се дебатира за суштината на амандманите, ниту да се разговара за потребата од формирање на нов државен универзитет за национална безбедност, одбрана и мир.

Нивната цел е јасна, подвлече Димовски: прво сакаат да го блокираат донесувањето на законот и второ, за жал очигледно сакаат да предизвикаат инциденти во ова Собрание.

Oсновна улога, основна функција и основна причина зошто постои ова Собрание и било кое друго Собрание во било која друга држава е да носи одлуки. За празна дебата која што ќе трае со денови без никаква цел и без никаква конечност има Жена парк, има табли за шах, може пратениците да си се префрлат таму и од едната и од другата страна и да си дебатираат до недоглед. Собранието врз основа на Деловникот, врз основа на процедурите има обврска да носи одлуки. 30 пратеници на СДСМ им го одземаат правото на другите 90 пратеници да носат одлуки, тоа е кршење на принципите на демократијата, тоа е дрскост и тоа е причина повеќе зошто ова Собрание ден поскоро треба да биде распуштено, изјави тој.

Ова не е прв пат, потсети Димовски.

СДСМ ја блокира работата на Комисијата за образование
СДСМ ја блокира работата на Комисијата за образование

СДСМ секогаш пред избори го прави истото, го правеа и со Буџет , го правеа и со други закони и во 2007година и во 2011 година и во 2014 година, но ние сме навикнати на нивното сценарио. Во очите им се гледа безизлезот и нервозата, се надеваме дека сепак разумот ќе преовлада. Дополнително дозволете ми да потенцирам, дека оваа блокада и овој обид за внесување на хаос во Собранието не е ни за Буџет, ни за заем, ни за кредит, ни за политичка одлука дали ќе дадеме субвенции за една или друга категорија на граѓани. Оваа блокада е верувале или не, за формирање на нов државен универзитет за национална безбедност и тоа во вакви клучни времиња во кој што Република Македонија и пред себе и за себе, но и пред многу други држави на Европа има обврска да гарантира и своја безбедност и поширока безбедност. Очигледно колегите од СДСМ се спремни да го жртвуваат и тоа, рече Димовски.

Република Македонија има потреба од ваков универзитет во насока на подобрување на кадровските капацитети на Армијата на Република Македонија и на сите безбедносни служби истакна тој.

Затоа за нас е комплетно нелогично и необјасниво блокирањето токму на овој закон.  Прво, според Деловник комисијата има право да донесе ваква одлука. Второ, над 90 пратеници имаат право да носат одлуки и 30 пратеници не смеат по ниту еден демократски принцип да го одземаат тоа право на Собранието за носење одлуки, заклучи Димовски.