Димовски: Се надеваме на прва победа во Лига на шампионите

Ракометниот шампион на Македонија, тимот на Металург во сабота ќе се обиде да стигне до првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите.

Тимот од Автокоманда гостува во Брест кај Мешков, натпревар од кој многу може да зависи конечниот пласман на „металурзите“ во групната фаза.

-До­бро го поз­на­ва­ме на­ши­от сле­ден про­тив­ник во Лигата на шампионите и мис­лам де­ка в са­бо­та ќе ни прет­стои уште ед­на те­шка за­да­ча, во ко­ја ќе тре­ба ма­кси­мал­но да се вло­жи­ме за да ос­тва­ри­ме по­зи­ти­вен ре­зул­тат. Со ели­ми­на­ци­ја­та на Та­тран Пре­шов во ква­ли­фи­ка­ци­и­те, Ме­шков Брест се­зо­на­ва нај­а­ви де­ка има се­ри­оз­ни ам­би­ции во Лигата на шампионите, па сме­там де­ка нат­пре­ва­ри­те од груп­на­та фа­за ќе би­дат мно­гу раз­лич­ни од нат­пре­ва­ри­те од Ре­ги­о­нал­на­та ли­га. Има­ме уште два де­на за ана­ли­за на нив­на­та игра и за под­го­то­вка на на­ша стра­те­ги­ја, ко­ја се на­де­ва­ме де­ка ќе ни ја до­не­се пр­ва­та по­бе­да се­зо­на­ва во Лигата на шампионите – ве­ли Ван­чо Ди­мов­ски во пресрет на гостувањето кај Мешков Брест.