Македонија,Политика

Димовски: Со откажување на мандатите и се прави штета на Македонија

Димовски: Со откажување на мандатите и се прави штета на Македонија

По откажувањето на пратеничките мандати на 33 пратеници од опозициската СДСМ, пратеникот Илија Димовски изјави дека со овој чин единствено и се прави штета на Република Македонија и на нејзините државни и национални интереси. Тој ја повика опозицијата за сноси одговорност за овој чин потенцирајќи дека на народот му е кристално јасно за чии интереси СДСМ ја донесе оваа одлука за поднесување на оставки во Собранието на РМ.

„ Очигледно е дека СДСМ го изгубила компасот. Ваквата постапка на СДСМ е многу сериозен удар врз принципите кои треба да се промовираат од страна на демократските политички субјекти. Лидерот на СДСМ г-динот Зоран Заев после изборите самиот потенцираше дека не ја ужива поддршката од мнозинството на граѓани, но во една ваква суицидна постапка не оди сам, туку со себе ја влече целата своја партија и сите пратеници на СДСМ. Во исто време тој и г-динот Андреј Жерновски кои се избрани за градоначалници на избори под исти услови, комотно си остануваат на своите позиции и не поднесуваат и не размислуваат да поднесат оставки“, изјави Димовски.

Димовски на крај додаде дека со овој потег кој го направи СДСМ, Република Македонија може да го изгуби кандидатскиот статус за членство во ЕУ и НАТО, бидејќи со него само им се прави услуга на земјите кои го блокираат партиципирањето на Македонија во меѓународните организации.