Димовски: Со укинување на Советот за јавни набавки се отвора простор за нови проблеми во иднина

Собранието на Република Македонија попладнево ги донесе измените на Законот за јавни набавки по скратена постапка, со кои се укинува Советот за јавни набавки.

-Поентата на постоење на советот за јавни набавки беше да се воспостваи систем каде што многу помалку ќе можат субјективните слабости на одредени вршители на јавни функции да значат во процесот на јавните набавки вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој има дилема дали со остранувањето овој совет како проблем е покорисно отколку да се реши на проблемот и во овој случај според Димовски се оди на остранување на проблемот и отвора простор за нови проблеми за во иднина.

-Би сакал да потенцирам воспоставување на систем па и на оваа суптилна област каде процентот од БДП е афектиран или 30% од буџетот е афтектиран треба да е малку повнимателно. Зошто кога се воспоставува систем, се воспоставува и да ги остранат и најголемите слабости на најлошото кадровско решение. Значи затоа постои систем зошто верувам и се надевам дека било кој од министерот за финансии или колегите пратеници не треба да прифати лична гаранција и не треба да прифати за секој функционер кој после овој закон ќе има многу лесен начин за спроведување на јавните набавки, вели Димовски.

Тој исто така кажа дека не е добра препорака за Владата на Република Македонија, за министерството за финансии, за парламентарното мнозинство за вакви суптилни теми за некаков си почеток овој закон да оди по скратена постапка. Тој посочува дека треба да се најде начин овој закон да не оди по скратена постапка за реално да можат да се согледаат предностите и слабостите како и препораките и искуствата.