Димовски: Вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде глас за отворање на нови фабрики

димовски

Оваа цел е остварлива бидејќи ние покажавме дека сме единствената политичка структура која за прв пат после дваесетина години создава нови работни места. Во минатите години во Република Македонија на работа одат нови 160 000 луѓе. Пред да ја превземем одговорноста за државата секој ден на работа оделе само 560 000 луѓе, денес таа бројка е 720 000 луѓе, со име и презиме. Тоа е нашиот најголем успех, а нашата најголема цел е да создадем дополнителни, нови 70 000 работни места. Сакам да подвлечам дека во Велес во време на СДСМ на работа оделе само 9 831 човек, денес таа бројка е 15 579 луѓе. За точно 5 748 луѓе е зголемен бројот на вработени во нашиот град, рече Димовски.

Тој нагласи дека граѓаните на Велес не треба да го заборават времето кога СДСМ беше на власт.

-Тие го оставија градот во економски колапс. Ги затворија сите големи индустриски капацитети и фирми. Без работа и на улица останаа работници кои по 20 и 30 години работеа во: Лозар, Свилара, Порцеланка, Брако, Велеспром, Интернационал, Графичар, ХИВ, ТрансВелес, градежнитефирмиПелагонија, Младост, Бетон. СДСМ од велешани создаде армијаод 16.912 невработени и сиромашниграѓани, а Велес стана град кој немаше никаква перспектива. Но, сега сликата за нашиот град за првпат се менува. 5 748 нови луѓе пронашле своја работа и своја егзистенција во домашните мали и средни компании, во странските фабрики во нашиот град и во околината, ги искористиле мерките за самовработување или станале земјоделци благодарение на државните субвенции, рече Димовски.

Многу е значајно, нагласи Димовски, што за првпат по пауза од 20 години отворена е нова фабрика во Велес.

Германската компанија „Маркарт“ ја врати надежта кај многу велешани, која токму СДСМ ја уништи. Во фабриката во Караслари веќе работат 320 наши сограѓани.Вкупната инвестиција таму е веќе над 30 милиони евра. Плановите на оваа компанија се и понатаму, уште поинтензивно да го проширува своето производство и да го зголемува бројот на вработени. Светски познатиот холдинг „БРГ Груп“ ја купи фабриката на поранешна Порцеланка воВелес, со цел производство на кујнски производи од нерѓосувачкичелик. Планираната инвестиција е вредна 30 милиониевра, а со производство ќе се започне во првиотквартал на 2017 година. Се очекува таму да се вработат 1.000 лица, наши сограѓани, во период од 5 години, рече Димовски.

СТС Текстајлс, германскиот производител на специјализиран техничкитекстил, донесе одлука и склучи договор за реализација на браунфилд-инвестиција во погоните на поранешна Свилара. Првичнатаинестиција е 4 милиониевра, а подоцна ќе достиге до 7,5 со проекција во фабриката да се вработат 1.000 работници во следните 4 години.

Во погоните на поранешен Киро Ќучук веќе работат печките на новата македонско-турска компанија „ЕуроБриккомпани“. Инвестицијата е вредна 2 милиониевра, а таму веќе работатнад 100 граѓани на Велес, а компанијата има планови тој број набргу да го дуплицира. Дополнително, сакам само да најавам дека и во овој период преговараме и разговараме со неколку нови, други странски фирми, кои се заинтересирани за отворање на свои погони во нашиот град. Токму овие инвестиции се гаранција дека сме на вистинскиотпат. Овие инвестиции се граранција дека ќе продолжиме да создаваме нови работни места. Тоа им треба на нашите сограѓани. Не им треба ниту двојазичност, ниту поделби, ниту промена на Устав, ниту знамиња на други држави на нашите улици. Им треба нови работни места, а тоа до сега само ВМРО-ДПМНЕ докажа дека знае да го создаде, изјави Димовски.

Димовски им порача на велешани дека нивниот глас за  ВМРО ДПМНЕ на 11-ти декември ќе биде и глас за отворање нови фабрики, рестартирање на некогашните индустриски гиганти и создавање на услови за нови вработувања.

На 11-ти декември ќе треба да изберете помеѓу економијата, повисокиот животен стандарди најниската стапка на невработеност, нешта кои ВМРО ДПМНЕ досега покажа дека може да ги оствари или враќање назад во времето кога СДСМ беше на власт, време кога се затвораа фабриките, а работниците остануваа на улица. Во суштина ова е едноставен избор. Ова е избор за нас, ова е избор за Македонија! За нашата Македонија во која веруваме, за независна, самостојна и суверена Македонија! Одиме на голема победа! Одиме на 63 пратеници!, порача Димовски