недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 26

Димовски: И во иднина ќе се залагаме за покачување на социјалната помош

-Една работа што сакаме денеска да ја презентираме пред граѓаните е зголемувањето на социјалните бенефиции кои што граѓаните ги добиваат од државата и тоа во повеќе категории. Во нашата програма е предвидено зголемување на социјалната помош на граѓаните за 50 проценти, а таа веќе во минатите години се покачи за 69,8 проценти и овие ќе бидат дополнителни 50 проценти, изјави Илија Димовски носител на изборната единица 3.

помош

Поврзани вести

Зголемување на постојаната парична помош која ја добиваат граѓаните досега се покачи за 68 проценти, а во иднина дополнително ќе се зголеми за 50 проценти, исто така во иднина ќе се зголеми додатокот за квадриплегија, односно за мобилност кој што ќе се зголеми на 25 проценти, а исто така ќе се зголеми и додатокот за глувите лица за 21,5 проценти. Исто така ќе се направат и законски измени со кои што лицата кои се родители на децата со посебни потреби и со пречки во развојот ќе им се овозможи да им биде гарантира работното место, ќе се зголеми додатокот за скратено работно време на родителите кои што имаат деца со посебни потреби исто така за 50 проценти, потенцираше Димовски.

Тој вели и дека ќе се зголеми додатокот за енергетска сигурност кој ВМРО-ДПМНЕ го воведе пред неколку години и во меѓувреме го зголемиле за 50 проценти и во програмата е предвидено дополнително зголемување на уште 50 проценти на тој додаток.

Во иднина исто така ќе се зголемат и многу други права на лицата со посебни потреби како што ќе бидат ослободувањата на плаќање на персонален данок, плаќање на социјални придонеси за нивно вработување, ќе се гарантираат средства за оние фирми кои што вработуваат вакви лица и се на се програмата на ВМРО-ДПМНЕ опфаќа многу вакви мерки со кои се подобруваат правата на граѓаните на која им е најпотребна ваквата помош од општеството.  Ова го велиме и ветуваме врз база на кребилитет, досега сме вовеле многу права или сме ги зголемиле драстично паричните средства кои што ги добивале граѓаните по однос на социјални потреби и овој пат знаеме дека граѓаните ќе знаат да го проценат тоа, истакна Димовски.

Најчитани вести