Димовски: Во наредните четири години ќе се отворат нови 70.000 работни места

Носителот на изборната единица 3 од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денеска во Велес се сретна со повеќе преставници на препријатијата, на стопанството и на бизнис секторот, каде што разговараа на неколку теми, меѓу кои пред се за поддршката на Владата на Република Македонија што во следниот мандат ќе ја дава кон домашните компании.

-Досега целата онаа поддршка што ја добиваа странските компании за инвестиции во Република Македонија даде огромен резултат, меѓу другите и во Велес има четири големи  странски инвестиции. Во следниот мандат таа поддршка и уште повеќе преку руралните развојни зони ќе оди и кон домашните компании, затоа што чувствуваме и гледаме дека и домашните компании имаат потенцијал за проширување на своето производство и за проширување на бројот на вработени. Во сегашниот период  неколку велешки компании  градат свои погони во Велес, со цел да го зголемат производството со поддршката од повеќе од 101 милион евра кои што ќе биде преку македонската банка за поддршка на развојот и се надеваме дека тие инвестиции на домашните компании и во Велес и во населените места околу Велес  ќе дадат огромни резултати, изјави Димовски.

Тој вели и дека во изминатите две години владата на ВМРО-ДПМНЕ постигнала да отвори 39 илјади нови работни места и врз база на тоа искуство додава дека се сигурни и дека во наредните четири години ќе создадат 70 илјади работни места со што досегашната невработеност од  24 проценти ќе ја сведат на 17 проценти.

-Врз база она што го имаме сработено досега сме сигурни гледаат со кредибилитет на нашите ветувања и на нашата работа, потенцираше Димовски.