вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 57

Димовски во Виница: Во Источна Македонија и во иднина ќе се отвараат нови работни места

Во Виница денеска работат пет нови странски компании, кои што своето производство го имаат донесено во Виница, но и поголем број на домашни компании како последица на развојот на економската состојба, посочи Димовски.

ilija2-640x359

Последни вести

Пораката од граѓаните во Виница е дека е потребно обединување на македонскиот народ, на сите што живеат во Република Македонија, на Турци, на Власи, на Роми, Бошњаци, Срби и Албанци, но обединување кое зад себе ќе има една програма, тоа е стабилност на државата и економски развој, истакна Илија Димовски, висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните на Виница како и на цела источна Македонија бараат нови инвестиции, нови фабрики, нови индустриски зони и нови работни места. Среќни сме што Виница е добар пример, во градот е зголемен бројот на вработени лица со над 1600 луѓе во споредба со минатото. Во Виница денеска работат пет нови странски компании, кои што своето производство го имаат донесено во Виница, но и поголем број на домашни компании како последица на развојот на економската состојба.  Има проблеми како и секаде во Македонија, но патеката по која се движи Виница е правилна патека, ние имаме намера и во наредниот период преку директни поддршки од страна на владата да донесеме што е можно повеќе фабрики и во Виница и во Кочани и во Штип, Берово, во Македонска Каменица, како и во цела источна Македонија, потенцираше Димовски.

ilija

Тој изјави и дека носењето на нови работни места е единствениот начин како да се зголеми вработеноста, стандардот на граѓаните, платите и како да ги задржиме младите луѓе во овој дел од Македонија. Нема друга филозофија,  нема друга политичка понуда која што е различна од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата за подобра Македонија, а досега во историјата оваа програма се покажала успешна вели тој.

ilija1

-Сме гледале и други влади, сме гледале и други политичари кои што сега ветуваат разни работи, но само оваа политичка структура досега покажале дека можат да орвара фабрики и во далечниот исток од Македонија, може да поддржи и домашни фабрики и може да работат на проекти кои што значат инфраструктурно поврзување на овој дел од Македонија со главниот град. Во тек е изградба на автопатот, а многу наскоро ќе започне и изградба на експресен пат до Кочани, се реконструираат голем број на патишта и се создаваат услови во секое населено место во Република Македонија да биде пристојно место за живеење, да има работа за младите луѓе и да расте стандардот на граѓаните, истакна Димовски.

 

Најчитани вести