Димовски за РСМ : Не се плашиме од опозициските институции кои ги најавува Заев

Власта не се плаши од формирањето на опозициски институции кои ќе бидат пандан на државните, изјави денеска за РСМ, пратеникот Илија Димовски.

Пратеникот Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој денеска беше гостин во политичкиот магазин “Кворум” на Радио Слободна Македонија, ги повикува опозиционерите да размислат за своите чекори. Се надева дека ќе надвлдее разумот и дека тие ќе се вратат во Парламентот за заеднички да дискутираат, како што вели, за значајните прашања за државата.