Македонија

Димовски: Заев даде согласност за Законот за бомбите, а сега лаже дека бил изненаден

Димовски: Заев даде согласност за Законот за бомбите, а сега лаже дека бил изненаден
Димовски: Заев даде согласност за Законот за бомбите, а сега лаже дека бил изненаден

СДСМ бара секаков возможен начин да го одложи, да го проблематизира донесувањето односно усогласувањето на Изборниот Законик. Вчера беше усогласено дека прво треба да се усогласи Изборниот Законик, па потоа да разговараме за законот за кој што се дигна некоја прашина. Гледам денеска Заев дал изјава дека не биле запознаени, биле изненадени. Тоа е неточно, апсолутно, бидејќи покрај тоа што тој дал согласност на лидерска средба за носење на овој закон, во мое присуство координаторот на ДУИ пред две недели на пратениците од СДСМ им го предаде текстот на законот, вели Илија Димовски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој тврди дека СДСМ не само што дала согласност, туку текстот  го имала уште пред две недели.

Што е битно за нас? Битно е да се најде решение за Изборниот законик и притоа да се почитуваат демократските стандарди, и да се почитуваат правата на граѓаните, и да се почитува принципот дека граѓаните одлучуваат на избори кој ќе ја добие можноста да управува со државата, а тоа не се случува ниту на зелена маса ниту се исполнуваат желби на политички партии, вели Димовски.

Од владејачката партија се подготвени да разговараат за одредени измени на овој закон, а вчера на работната средба било договорено овој закон да оди во постапка заедно со закон за популарно наречените „whistleblowers“ односно свиркачи, за заштита на оние лица кои што ќе пријават злоупотреба или корупција на државните органи.

 

Овој закон е само лекс специјалис, односно разработка на членови од Кривичниот Законик. Сите оние новинари кои што вчера можеби и со право најдоа забелешки да го критикуваат овој закон, што ние го почитуваме и ќе го земеме предвид, добро е да го погледнат Кривичниот Законик каде што се предвидени истите или слични одредби.

 

 

 

Немаме намера да го носиме на инает законот, сакаме општеството да го прифати овој закон, повеќе заради тоа што нема што да криеме. Се што требало да се објави е објавено. Ние самите дадовме поддршка на сите постапки кои што течат во државата и дополнително, ваква регулатива како што кажав, веќе постои во Кривичниот Законик. Сега имаме и Специјално Обвинителство, се надевам дека и Специјалното Обвинителство ќе си го земе предвид Кривичниот Законик, членовите од него, и ќе се постапува понатаму во иднина.