сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 17

Димовски: Заев потврди дека ќе оди до крај со насилни сценарија во Македонија

Зоран Заев денеска и заврти грб на Македонија и потврди дека неговата намера е продлабочување и ескалирање на кризата, затоа што тој и луѓето околу него можат да функционираат и да привлечат внимание само во време на криза.

Димовски: Заради потврди дека ќе оди до крај со насилни сценарија во Македонија

Димовски: Заради потврди дека ќе оди до крај со насилни сценарија во Македонија

Поврзани вести

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денес уште еднаш покажа колку не се грижи за иднината на Република Македонија и за нејзините граѓани. Не се грижи за стабилноста и не се грижи за немирот кој секојдневно го внесува помеѓу граѓаните, изјави на прес-конференција Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Во овие денови кога нема граѓанин што не е загрижен за актуелната состојба и кога нема Македонец кој не очекува излез од кризата во која што СДСМ и Заев ја втурнаа земјата, тој продолжи со уцени и условувања кои ја туркаат државата надолу и ја продожуваат кризата до недоглед.

Зоран Заев денеска донесе неодговорна и деструктивна одлука бегајќи од разговори со кои треба да се трасира патот кој води кон избори и кон решавање на кризата.

Зоран Заев денеска и заврти грб на Македонија и потврди дека неговата намера е продлабочување и ескалирање на кризата, затоа што тој и луѓето околу него можат да функционираат и да привлечат внимание само во време на криза.

Зоран Заев со бегањето од разговорите закажани во Виена покажа дека само заради спасот на сопствената кариера има намера да ја држи Република Македонија уште долго во заложништво. На Зоран Заев не му е важна ниту иднината на земјата, ниту иднината на граѓаните. На Зоран Заев му е важен само Зоран Заев и интересите на невладините организации под капата на Сорос.

Зоран Заев со денешната одлука стави свој печат врз нападите на полицијата, демолирањето на спомен обележјата, палењето и руинирањето на институциите и сите вандалски акти кои ги згрозија жителите на оваа земја. Тој покажа дека заканите кон полицијата „Куманово пак да ви се случи“ се негови зборови изговорени од друга уста. СДСМ стои зад целото насилство кое овие денови го видовме низ Скопје и низ Македонија. Тој потврди дека ќе оди до крај во намерите да  реализира насилни сценариа во Македонија.

Уште од самиот почеток на кризата ВМРО ДПМНЕ учествува конструктивно и се обидува да даде целосен придонес во нејзино надминување. Затоа го потпишавме договорот од Пржино и работевме на негова имплементација. Затоа беше формирана државна изборна комисија која ќе ја има довербата од четирите најголеми политички партии. Беше формирана техничка влада за спроведување на изборите во која што СДСМ доби двајца министри и тројца заменици министри. Премиерот Никола Груевски си даде оставка на 100 дена пред изборите закажани за 24 април и беше формирано специјално јавно обвинителство. Затоа беше донесен и Изборен закон кој беше едногласно усвоен од страна на Собранието на Република Македонија.

Сите овие отстапки од ВМРО ДПМНЕ беа доведени во прашање од Зоран Заев и СДСМ со нивното условување да се одложат изборите закажани за 24 април. ВМРО ДПМНЕ и тогаш беше конструктивна затоа што иднината на нашата земја ни беше приоритет. Прифативме предвремените парламентарни избори да се одложат за 5 јуни, иако бевме свесни дека нема ниту една рационална и логична причина за тоа. Единствената причина беше што Зоран Заев знаеше дека ја нема поддршката од граѓаните и дека неговата деструктивна политика ќе биде поразена. И денес го знае тоа.

Со денешното бегање од разговори, Зоран Заев потврди дека е во паника од соочување со народот на изборите закажани за 5 јуни. Тој знае дека Македонија не го поддржува него и неговата политика за натамошно продлабочување на кризата и разорување на земјата.

ВМРО ДПМНЕ било и ќе остане конструктивно кога е во прашање иднината на Република Македонија. Подготвени сме да учествуваме на разговори кои ќе значат излез од сегашната состојба.

Најчитани вести