Димовски: Предлозите за зголемување на казните за медиумите не се став на ВМРО – ДПМНЕ

Околу темата за интернет порталите Димовски рече дека во овој момент има различни ставови и во работната група, но и во ВМРО-ДПМНЕ.

Се уште се гледаат различни аспекти на таа проблематика, се гледаат меѓународни искуства. Има држави каде што е направено тоа и каде што не е направено тоа. Самата проблематика на Интернет просторот е комплицирана, изјави претставникот на ВМРО-ДПМНЕ во Работната група.

Претставниците на медиумиските организации побараа од Димовски да бидат вклучени во разговорите, на што тој одговори дека ВМРО-ДПМНЕ досега имале консултации со претставници на многу организации на новинарите и медиумите, на национално и на локално ниво.

Слободата на медиумите и нивното функционирање е јавен интерес, не е само интерес на политичарите ниту само на новинарите, е интерес и на стопанството и на синдикатот, на верските заедници… Собравме доста видувања и размисли така што планираме до крај на целиот процес да го правиме тоа. Како ВМРО-ДПМНЕ немаме проблем со кој било поединец од вашата фела, без разлика дали е репрезентативно или не да ги разгледуваме овие проблематики, изјави Димовски.