Димовски: Зошто во време на ВМРО-ДПМНЕ има пари за проекти во сите градови, а во време на СДСМ немало за ништо

Зошто во време на ВМРО-ДПМНЕ има пари и за субвениции и за поголеми пензии и за поголеми плати и за болници и за училишта и за возови и за автобуси и за Брза помош и за Дојранско Езеро и за велешки театар и за ред ред други работи, а во време на СДСМ немало за ништо од тоа, праша пратеникот Илија Димовски, во вечерашното гостување во дебатната емисија Топ тема на Телма телевизија.

Додека се правеа барокни фасади во Скопје, се реновираа и сите училишта во Велес, се реконструираа двете болници во мојот град Велес, се направи хидросистемот Лисиче со кој Велес конечно после три-четири децении доби чиста вода за пиење, се набавија возила за Брзата помош, се набави нова опрема за болницата во Велес, се реши свлечиштето Рамина каде што над 300 куќи беа загрозени да се срушат. Велес го користам како пример кој што е апликативен на сите градови во Македонија. Што значи дека се граделе барокни фасади, но се инвестирало и во сите други потреби на граѓаните според капацитетот и можноста на државата.

Вака одговори Димовски на прашањето зошто во Скопје се граделе барокни фасади.

Клучното прашање е зошто во време на ВМРО-ДПМНЕ имало пари и за субвениции и за поголеми пензии и за поголеми плати и за болници и за училишта и за возови и за автобуси и за Брза помош и за Дојранско Езеро и за велешки театар и за ред ред други работи, а во време на СДСМ немало за ништо од тоа, рече Димовски.