Спорт

Динамо (Минск) – Металург натпревар на колото во ЛШ

Натпреварот Динамо Минск – Металург е прогласен за натпревар на 9. коло во Лигата на шампионите. Ова е голема чест за македонскиот вицешампион, бидејќи во истото коло се играат дерби натпреварите: Кил – Киелце и Барселона – Пари Сен Жермен.

Оваа сезона ова е веќе втор натпревар на неделата со учество на Металург, по средбата Вардар – Металург од 6. коло, што е вистинска реткост, бидејки во групната фаза вкупно на располагање се десет средби на колото, а во Лигата на шампионите учествуваат 24 екипи.