Динамо Минск прогласи банкрот

Ракометниот шампион на Белорусија, Динамо Минск. Клубот, кој неколку сезони по ред беше државен проект со годишен буџет од околу четири милиони евра, донесе решение да се повлече од националното првенство.

Финансиската криза го загрози опстанокот на клубот и веќе е јасно дека Динамо Минск нема да функционира во сегашен формат. Дали клубот ќе прогласи банкрот и ќе исчезне од европската ракометна мапа или, пак, ќе постои во многу поскромно издание, ќе се објави во наредниот период. Некакви финансиски средства се ветени за крајот на март, но и тоа не е апсолутно сигурно.Ракометарите на Динамо добија дозвола сами да се погрижат за својата иднина.

„Сите играчи од овој момент се слободни и можат да бараат клуб каде што ќе ја продолжат кариерата,” изјави директорот на клубот Андреј Парашченко.