Динамо (З) против Алборг, Партизан се насади на Лудогорец

Третото квалификациско коло од Лигата на шампиони стана реалност за актуелниот шампион на Хрватска, Динамо (З) и за преставникот на Србија, Партизан.

Популарните “модри”, не дозволија никакво изненадување во Литванија и повтоно со 2:0 го победија просечниот тим на Жалгирис, а сигурна победа од 3:1 во реванш дуелот против преставникот на Фарски Остров, ХБ Торшван, забележаа фудбалерите на Партизан.
Во следното квалификациско коло, Динамо (З) ќе игра против вицешампионот на Данска, Алборг, додека Партизан за противник го има шампионот на Бугарија, Лудогорец.
Резултати: Сутјеска – Шериф 0:3 (вкупно 0:5), Левадија – Спарта П. 0:1 (0:8), Дуделанж – Лудогорец 1:1 (1:5), Карабах – Валета 4:0 (5:0), Макаби ТА – Санта Колома 2:0 (3:0), Њусејнт – Слован Б. 0:2 (0:3), Скендербег – БАТЕ Б. 1:1 (1:1), Торшавн – Партизан 1:3 (1:6), Жалгирис – Динамо З. 0:2 (0:4), Дебрецин – Клифтонвил 2:0 (2:0), Селтик – Рејкјавик 4:0 (5:0).