Дињо не сака во пензија

Легендарниот репрезентативец на Бразил, Роналдињо откри дека не планира да стави крај на фудбалската кариера и додаде дека името на новиот клуб ќе биде познато во текот на следната недела.

Поранешниот фудбалер на Гремио, ПСЖ, Барселона и Милан, пред неколку дена ја прекина соработката со бразилскиот прволигаш Атлетико (М), а на неговата адреса веќе пристиогнаа неколку примамливи понуди од клубови кои се натпреваруваат во Европа и САД.

“Пензија? Не постои таква опција. Нема да се пензионирам. Мојот брат, Роберто, веќе преговара со заинтересираните клубови. Се ќе биде познато за неколку дена. Во текот на следната недела ќе откријам каде ќе ја продолжам мојата кариера. Сакам да се одморам во следните неколку дена, имам потреба од мир. Сепак, мојот телефон постојано звони, постојано добивам секакви понуди”, изјави Роналдињо.