Магазин

Дино Мерлин донираше во Детската клиника во Скопје

Дино Мерлин донираше во Детската клиника во Скопје

По спектакуларниот концерт кој што се случи вчера во спортскиот центар Борис Трајковски, босанскиот пејач својата успешна македонска приказнa ја заврши утрово, со донација од 300.000 денари на детската клиника во Скопје.

Имено утринава, Дино Мерлин и неговиот менаџмент ја посетија клиниката каде што ги дочека директорката Д-р Аспазија Софијанова и накратко ги запозна со состојбата на клиниката но и со дечињата за кои Мерлин не го криеше задоволството затоа што може да им помогне.

Мерлин оваа донација ја најави на прес-конференцијата во Скопје, и тогаш но и денес потврди дека сите кои што можат, мораат да најдат начин да им помогнат на оние на кои што помошта им е најпотребна. Само така ќе знаеме дека оставаме нешто добро зад себе.

За потсетување, турнејата „Хотел Национал“ беше најавена во време кога Србија и Босна и Херцеговина ги зафатија поплави. Дино Мерлин тогаш без размислување ја откажа турнејата и се врати во Босна, за да им се најде на настраданите од поплавите и како што тогаш изјави, „во најтешките моменти, да биде со своите сограѓани и во својата држава“.