Дино Најдоски новото засилување на Вардар

Дино Најдоски е најновото име кое ги засилува редовите на Вардар, објави македонскиот најтрофеен тим на својата официјална интернет страница.

Синот на вардаровата легенда, Илија Најдоски, вчера потпиша три годишен договор и ќе се приклучи на екипата од понеделник.

На располагање на тренерот, Сергеј Андреев ќе биде за натпреварот од второто коло кој Вардар на домашен терен ќе го игра против екипата на Шкендија.

Дино Најдоски од Работнички каде што има забележано 51 првенствен настап, преминува во Вардар каде во сезоната 2009/2010 има забележано 4 настапи.

-Се работи за одлични услови за мене, а покрај тоа и покана да се биде дел од најтрофејниот клуб. За мене Вардар е сепак нешто специјално, изјави Дино Најдоски.