Дип стејт се победува со генерално длабоко чистење!

Република Македонија е окупирана држава. Окупаторот е Џес Бејли, експонент на вашингтонското политичко подземје наречено длабока држава, манијак вработен во ЦИА, и на збирот европски гангстери со колонијалистичко варварски предиспозиции.

Македонија од своето осамостојување е сардисана од НАТО, воен сојуз на евроатланскиот полусвет. Македонскиот народ си има работа со зрел, разработен, извежбан фашизам од надвор и петта колона составена од дегенерици, кои имаат проблем со себе како безидентитетни суштества. Тие себе се доживуваат како напредни западњаци, иако реално се купче недоправени суштества, психотичари со нарушено ментално здравје и ич морал и одговорност.

Во оваа најнова окупација која го заокружува стогодишниот јубилеј на Букурештанскиот договор, Македонија влезе тивко (исклучок е чадот од бомбите на Заев како режиран повод) преку божемен политички договор на четири партиски главатари скоцкан надвор од државните институции и спротивно на уставот. Во Пржино.

Може слободно да се констатира дека Македонија и Македонците како народ овојпат се експериментална жртва на деташираната глобална менгелеева лабораторија за производство на отчовечен „хуманоид“. ГМО сортата произведена од ЦИА која денес маршира низ Америка, Канада и Европа под кодно име милениумци, добро се зафатила и во Македонија. Во дружината на Заев која глуми партија и менталците на Сорос, УСАИД и Обединетото кралство. Ако е нешто смешно во оваа цела пиздарија е дека пред овој дегенериран комплот на секакви силници капитулираше целата домашна политичка елита и нивната интелектуална логистика. На нозе и цел во умот остана само народот, кој не може да се соземе од чудење колку лесно се урнаа државните институции преку тиранска, бугарска и грчка платформа, координирани и менаџирани од една луда американско-европска фашистичка лабораторија. Да си имате работа со тешка дијагноза за неизлечива болештина и упорно зад грбот на населението да си глумите процедурална демократска нормалност, наместо радикално да ја спречите да ви го напаѓа организмот, е таква глупост што не може да се оправда со ништо ни сега, без временска дистанца, а ни по поминати илјадалетија со незнам какви историски ревизии. Нека му ја мислат денешниве домашни актери: Невидливиот Иванов кој и понатаму глуми претседател на држава и врховен командант, водството на ВМРО-ДПМНЕ кое глуми опозиција во окупирано Собрание и судските инстанци кои глумат правда под притисок и наредби на црпнати, лејки, пореметени и амбасадори манијаци.

Во ваков амбиент пред Илинден ја очекуваме содржината на бугарскиот ултиматум, кој треба да ни ја отвори портата на пеколот, а се вика влез во конц-логорот НАТО и ЕУ. „Нормално“ за супер напредната земјанка Мирјана Најчевска, за лезбо-давајгаз заедниците, за пленумите на двоцевкашите, за недоправените кои на дневна основа си смислуваат идентитет, а си го бираат од најновите произведени од Менгелевиот институт за производство на хуманоидни бројлери (засега се само 32 сорти), ваква Македонија е ИН. Од вакви слободоумници може да очекуваме уште пријатни изненадувања. Да речеме да посакаат да излезат од ограничувачкиот човечки род, па да се поистоветат со растенија или животни, а што па да не со небески тела, камења… Има примери во историјата на такви авангардисти. Да не го спонувам сега Калигула и неговите трансформации, ама ми се чини дека лудиот англиски крал Џорџ Трети (некогаш се чувствувал како човек, а почесто се доживувал како грмушка) заради кого Американците кренааа револуција за независност, е тамам пример за сега распространетото трансџендер движење кое, кај и да е, со бугарската платформа, претходно со тиранската и уште поодамна со грчкиот ултиматум, ќе стигне во Трансџендер Македонија. Нешто, а ништо. Гаранција ни е поенглезениот трансформер Сер Боки, хот липс оф Ботокс-шир.

Е, ама вистинската Македонија е нешто сосема друго. Политички, филозофски, идејно таа е РЕПУБЛИКА на слободни и самосвесни луѓе. И пред еден век кога изворните тморовци, вмровци, илинденци, кои единствени во царистичка Европа се бореле за република и пред седумдесет години кога цела Европа стана фашистичка и сега, кога е нападната од неофашистичката „дип стејт“ и квислиншките ЕУ вазали. Македонците се чудат како тоа напредниве лејки на Заев со него на чело имаат разбирање за секој ГМО идентитет, за сите менталци кои сакаат да бидат Наполеони, Бјонсиња, Мадони, Азиси, лепи Брени, за сите искомплексирани Бугари, Грци и Албанци, а единствено не се слободоумни и женерозни кон македонскиот национален идентитет со сиот историски габарит. Ќе мора да се бориме за него. Ние сите. Секој сам. Мора да осознаеме еднаш дека секој се ослободува прво сам. Кога твојата куќа гори, прво ти го земаш цревото. После ќе ти стигне помош. Тогаш ќе се појават и водачите. А, ние ќе ги препознаеме. Секој од нас мора да си почне своја борба за слобода од гниежот. Со борба, а не со лигавење, шепотење и ползење пред бруталниот и смртоносен фашизам. Не со калкулации.

Во вакви борби фразата дали се исплаќа да се гине за идеали (оти тие биле за будали) е еднаква на дијагноза дека кому му е прифатлив живот на безимен човек без меморија, избрал „слобода“ на бројлер во конц логор под управа на каповци од типот на сегашниве лејки во Виши владата што ги назначи Бејли. Ние останатите не смееме да и дадеме легитимитет на оваа инсталирана манијакално – психотична куротресина. Ни симболично ни фактички. Кој сака нека си игра опозиција, кој сака нека се простира како мивка пред Џес Бејли. За да си ја вратиме републиката во живот ни треба одважност и решеност.

Во вакви борби ќе има и крв и смрт и затвори и тешки рани од секакаков вид. Првото искушение не чека на 2 Август.

Но, нема друг начин да му обезбедиме живот на своето потомство. Целта е проста, ама животно важна. Македонскиот народ кого го демонтираат ментално пореметени квислинзи за потребите на европските фашисти во соседството ќе мора да си организира нов АСНОМ за да си добие саглам УСТАВ. Ист како Американскиот, кој беше урнек за асномскиот кој го посрааа сите политички елити. Прво КПМ, па СКМ, па СДСМ и ДПМНЕ во 2001, а е урнек за Швајцарскиот, Исландскиот, Боливискиот и сега Филипинскиот.

Творците на американскиот устав, далекувиди мудреци, стокмиле систем на забрани кои се однесуваат на владата. Тоа е устав за негативните права. Целта била да се спречи републиката да стане тиранска. Целта била власта да се плаши од народот и да одговара пред него. Целта била американскиот народ да биде суверен зашто со раѓањето и со божја промисла, природно му припаѓа правото на слобода. Во таков случај ќе функционира секоја државна институција. Вака, по повеќе интервенции во гангстерски услови, нашиот првичен асномски устав стана антинароден и е во функција на заштита на арамолепците од политиката и нивните вмрежени инсталати. Затоа народот никој не го есапи и го смета најотворено за добиток. Затоа партиите глумат во римејкот од деведесетите години „они нас као нападају а ми се као бранимо“, а државата Македонија исчезнува.

По ланските избори, на кои победи самопрајскиот Доналд Трамп, Американците искажаа решеност да си ја вратат републиката и уставот во живот. Речиси десет месеци се води тешка борба на сите нивоа и во сите инстанци со мочуриштето заседнато во Конгрсот, Сенатот, судството, во партиите, државните служби, медиумите. Се води борба за теренот, за секој човек кој не се заразил од фашистичкото глобалистичко лудило. Ваква борба се води и во Европа, лулка на фашизмот. Ваква борба ја чека и Македонија.

По победата ќе нема ни амнезија, ни амнестија, туку само генерален дип клининг.

Мирка Велиновска

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.