Тачи решен да биде на власт по секоја цена

Дипломатите на ЕУ се загрижени за инсистирањето на ДПК  на Хашим Тачи по секоја цена да остнат на власт или да се оди на вонредни избори и тоа го оценуваат како многу штетно по Косово на долг рок.

Европските дипломати, пренесува денес „Коха Диторе“, повторуваат дека ЕУ одлучила да не се меша и дека Косово само треба да најде решение за настанатата постизборна ситуација.

Весникот наведува дека дипломаите инсистираат на немешање во „внатрешните работи на Косово“ и дека на „политичките структури на Косово да  формираат институции“.

Тие, меѓутиа, после најновите збиднувања му порачуваат на Хашим Тачи, дека и покрај фактот дека како партија освоила најмногу гласови на изборите, сепак некој друг обезбедил мнозинство во Собранието на Косово и дека во парламентот не може да има две, туку само едно мнозинство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.