Дипломатски гаф и тежок срам за Романија

Романските власти многу се посрамотија откако германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер, добил за спомен картичка на која картата на територијата на Франција е обоена во боите на Германија, објави американската новинска агенција „Асошиејтед Прес“, пренесува Нетпрес.

Шефот на германската дипломатија подарокот го добил од својот романски колега, Богдан Ауреску, по повод 135 – годишнината, откако двете земји воспоставиле дипломатски односи.

Романското министерство подоцна се извинило за техничката грешка и соопштило дека картичката ја добило непосредно пред средбата на двајцата функционери од државната информативна агенција „Аџерпрес“, која исто така се извини за немилиот настан.