Дипломатските активности на премиерот Груевски ги загрижуваат Грците

„Дипломатска и комуникациска бура предизвика Скопје со своите константни посети на Брисел и на европските главни градови која што кулминираше со интервјуто на премиерот Груевски за „Фајненшл Тајмс“ , каде што тој побара многу јавно, од САД, Германија и Франција да ја притиснат Грција да ја имплементира  одлуката на Меѓународниот суд на правдата и да престане да го блокира пристапувањето на Македонија во  ЕУ и НАТО”, пишува весникот.

 

„То парон“  информира дека оваа година е веќе испуштена шансата Македонија да добие датум за старт на преговорите со ЕУ на декемврискиот совет и покрај петтата препорака и дека фокусот на Македонија сега е насочен кон НАТО самитот во Кардиф и пристапувањето на земјата под времената референца.

„Голем поддржувач на Македонија во овие чекори, внатре во НАТО, е Анкара. Иако Европјаните и Американците не сакаат да ја притискаат кревката влада на Самарас, во последно време има последователни чекори и промени со кои што се испраќа порака до Атина дека постои очекување прашањето да се реши што е можно побрзо, бидејќи ова е штетно за западните интереси во регионот и го продолжува ризикот од нестабилност во Македонија. Грчката влада пак, инсистира на црвените линии и има порака дека нема да го крене ветото без решение на прашањето со името”, се вели во текстот на „То парон“.

 

Весникот ги анализирасите чекори што во последно време ги направија големите сили во однос на прашањето, како што беше соопштението на француската постојана делегација во ОН  и  состанокот меѓу медијаторот Нимиц и германската канцеларка Меркел.

 

„То парон“ потсетува и на ексклузивните информации што протекоа во грчкиот печат за средбата Меркел – Самарас , според кои што германската канцеларка побарала од Самарас да го укине ветото членство на Македонија во НАТО.

 

 

Весникот пишува и за тоа дека американскиот заменик државен секретар Викторија Нудалнд го прашала грчкиот амбсадор во Вашингтон дали постои можност за договор за Македонија да пристапи

кон НАТО со привремената референца, а потсетува и дека прашањето за името беше една од темите на средбата во Лондон меѓу шефовите на грчката и британската дипломатија.

„Грчкото министерство за надворешни работи верува дека ќе има директен притисок и заголемување на тензииите”, информира весникот и повикувајќи се добро информирани извори “од внатре”, пишува дека притисокот значително ќе се зголемел по нова година.

 

„Во овој контекст, се смета дека е од клучно значење да се повратат иницијативите на грчката страна, активно да учествуваат во јавната расправа за ова прашање и можеби да предложат и нов сет идеи, кој што ќе донесе вистински тешкотии за Македонија и ќе покаже сосема јасно која е бескомпромисната страна што попречува секаков напредок”, се вели во текстот на „То парон“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.