Бугарско дипломатско возило прегази пешак

Бугарско дипломатско возило прегази пешак. Несреќата се случила синоќа околу 18 часот и 40 минути на улица „Партизанска во близина“ на болницата во Битола.

Возило „фолксваген пасат“ со дипломатски регистарски таблички на бугарскиот конзулат удри во пешак.

Пешакот кој бил на возраст од околу 80 години, со возиоло на итна медицинска помош веднаш е пренесен и хоспитализиран во Клиничката болница во Битола, дознава ТВ Орбис.

Засега нема информации каква е неговата состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.