Директен воз до Солун само за викендите

Грчките железници ги известиле МЖ Транспорт дека експресниот воз 334/335 кој сообраќа на релацијата Солун -Белград и обратно од 12 јануари 2018 во деновите од понеделник до петок ќе сообраќа само до Гевгелија, наместо до Солун и обратно.

„Трејносе“ зема обврска во тие денови да ги превезува патниците со автобус од Гевгелија до Солун.

Во сабота и недела возот ќе сообраќа според важечиот возен ред од Белград до Солун и обратно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.