Директор и благајничка купувале мебел за дома со државни пари

Кривична пријава е поднесена против С.Ј.(42) од с. Раклиш-Радовиш директор во ООУ „Коста Рацин“ во с. Подареш поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Ж.А.(46) од Радовиш благајник-администратор во ООУ „Коста Рацин“ во с. Подареш поради сомнение за сторени кривични дела „соизвршителство“ и „фалсификување исправа“.

Во декември 2014 година, пријавените од салонот за мебел во Струмица извршиле нарачка на мебел, а на профактурата се потпишала второпријавената, по што мебелот во два наврати бил доставен во домовите на пријавените. Потоа Ж.А. мебелот го внела во пописните листи на училиштето кои подоцна ги предала на училишната пописна комисија да го потпишат како присутен инвентар во училиштето.

Со ова пријавените го оштетиле буџетот на Македонија во износ од 28.673 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.