Свет

Директор на Дојче банк под истрага дека давал лажни изјави

Директор на Дојче банк под истрага дека давал лажни изјави

Германските обвинители покренаа тужба против еден од директорите на Дојче банк, Јирген Фичцен обвинувајќи го за измама поврзана со долгогодишната правна битка на банката со медиумската куќа „Кирх“, пишуваат германските медиуми.

Под истрага исто така се и некои поранешни раководители.Тие се обвинети за лажно сведочење во спор со наследници во 2011 година на познатиот медиумски магнат Леo Кирх.

Тој ја обвини Дојче банк за пропаст на своето царство во 2002 година за која, по неговата оценка бил виновен тогашниот извршен директор на Дојче банк, Бројер јавно кажувајќи дека Кирх има „премногу долгови“.