Македонија

Директор на јавно претпријатие во Центар заврши на Хирургија

Директор на јавно претпријатие во Центар заврши на Хирургија

Актуелен директор на јавно претпирјатие во општина Центар вчера учествувал во масовна тепачка која се случила во салата во Градскиот парк меѓу навивчите на МЗТ и Работнички, јавува Сител повикувајќи се на свои неименувани извори. Според објавените информации, директорот, инаку жесток навивач на Работнички и сопственик на еден опозициски веб сајт со повреди на главата бил префрлен во Градската хирургија Св. Наум Охридски.

Настанот се случил вчера вечерта кога група навивачи на МЗТ Скопје со безбол палки влегле во салата на Работнички во центарот на Скопје и физички се пресметале со групата која била внатре и ја подготвувала кореографијата на Работнички за денешното дерби. Меѓу нив, според објавените информации бил и директорот на јавното центарско претпријатие кој учествувал во тепачката.
Случајот не бил пријавен во полиција но на социјалните мрежи, навивачите на МЗТ веќе се пофалија со транспарентот кој им го одзеле на ривалите од скопски Центар.

Сител стапил во контакт со директорот на Жерновски, но тој демантирал дека учествувал во тепачката.

„Сепак, одби да ни даде изјава пред камера за да не увери дека нема повреди на главата како резултат на вчерашната тепачка“ – пишува Сител.

Сител од болнички извори дознава дека лице со исто име и презиме како ова на директорот нешто после полноќ било примено во Градската хирургија спроти Зелено пазарче и дека му се извршени хируршки интервенции во пределот на главата. Меѓутоа инцидентот не бил пријавен во полиција.

Јавноста со право се прашува, со какви кадри Жерновски ја води општина Центар.

Уличните тепачки на директорот на едно од најважните општински претпријатија се само последниот во низата скандали кои ја тресат општина Центар. Освен насилство, кадрите на СДСМ се познати и по расипничкото трошење на сметка на општината.

Неодамна во јавноста излезе информација за расипничкото трошење на Дејан Тодоровски Гзе кој на сметка на општината јадел и пиел по скопските кафеани заедно со десетина луѓе.