Директор на училиште префрлал службени пари на фирма на сопругата

Битолската полиција поднесе кривична пријава против И.Б.(57) од Битола, вработен како наставник по физичко воспитување во ОУ „Елпида Караманди“ и поранешен директор на училиштето, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот како директор на основното училиште во периодот од 2010 до 2013 година, искористувајќи ја службената положба и овластување склучил девет договори и одобрил средствата добиени како приход од издавање на спортската сала под закуп која е во сопственост на училиштето, на физички и правни лица за вкупен износ од 72.500 денари да се уплатуваат на жиро сметка на друг правен субјект Здружение УСК „Елпида Караманди“ чиј претседател е неговата сопруга.

Исто така, пријавениот без да склучи договор за закуп на спортската сала и без никаков надомест на Д.Д. да ја користи спортската сала за фитнес вежби и овозможил стекнување на приход во износ од 150.000 денари кој се остварувал со наплата на чланарина од членовите на фитнес клубот кој во тој период не бил регистриран како правно лице.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.