Македонија,Крими хроника

Директор продал возила на фирмата и парите ги ставил в џеб

Шеесет и двегодишниот Т.Д. од Гевгелија доби кривична пријава бидејќи ја злоупотребил својата должност како директор на ЈП „Миравци“ и без одлука на органите на управување продал две возила „Застава 101“ и „Фијат Регата“во износ од 18.000 денари.

Паричните средства не ги примил во благајната и со неизвршување на својата службена должност не ги уплатил на име и на сметка на ГП „Миравци“.