Директор во Самсунг претепал вработена во Белград

По вербален судир меѓу 30-годишната М.М и нејзиниот претпоставен дошло и до тепачка, па во корејската фирма „Самсунг“ со седиште во Нов Белград директорот ја претепал вработената.

Вработената му посочила на претпоставениот дека не смее да и се дере, пишува Новости.

Директорот Кореец на возраст од околу 50 години, како што вели изворот за Новости, почнал да ја тепа со шамари и да и се заканува дека ќе ја убие.

Жената успеала да се извлече од затворената канцеларија, а повикана била и брза помош.

М.М. освен што била претепана, била и во голем шок поради стресот кој го претрпела.

По интервенцијата на брзата помош, дошла и полиција за да направи увид на местото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.