Директорите на ФЗОМ во посета на Тетово

Директорите на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, заедно со стручниот тим на Фондот продолжуваат со спроведување на новиот проект „Директорите на ФЗОМ директно со осигурениците“, со посета на подрачната служба Тетово.

Тие ќе го поминат поголемиот дел од работниот ден со вработените во подрачната служба и осигурениците.

Во рамки на посетата, директорите на ФЗОМ ќе ja посетат и новоотворената аптекарска станица во село Палатица.