сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 8

Директорите на ФЗОМ во Кавадарци: Стоматолозите задоволни од зголемениот капитациски бод

fzom

Последни вести

Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани во рамки на теренските активности кои Фондот континуирано ги има, денеска посетија две приватни стоматолошки здравствени установи од Кавадарци, кои имаат потпишано договор за работа со Фондот.

Беше констатирано задоволството кај стоматолозите од зголемениот износ на капитацискиот бод и редовната исплата на средствата.

– Дојдовме за да продискутираме со нив за ефектот од мерката која функционира од почетокот на оваа година, а тоа е зголемениот износ на капитациониот бод за стоматолозите. Ова е одлична прилика директно на терен преку директна комуникација со стоматолозите да слушнеме дали оваа мерка дава резултат. Во тек е шестиот месец откако Фондот исплаќа зголемена капитација која е во вредност од 40 денари, а до крајот на минатата година нејзиниот износ беше 35 денари. Значи има зголемување од 14 проценти на вредноста, изјави Стефаноски.

Тој истакна дека тоа зголемување за Фондот значи годишен трошок за околу 76 милиони денари.

– Тоа е значителна сума која се издвои за да се даде импут во подобрувањето на финансиската состојба и подобрувањето на квалитетот на здравствените услуги кај стоматолозите. Или на годишно ниво, околу 600 милиони денари Фондот за здравствено осигурување издвојува за матичните стоматолози, кои имаат склучено договор со него и преку кој се прикрепени околу милион и триста илјади осигуреници во Република Македонија, кои имаат избрано матичен стоматолог, посочи Стефаноски.

Информираше дека денеска исто така на средбите било дискутирано и за тоа што Фондот го направи во изминатиот период, придржувањето до обврската за навремено исплаќање т.е. префрлање на финансиските средства до матичните стоматолози.

– Правиме напори со поддршка на сите други финансиски институции во државата и тоа го исполнуваме, навремено да ги пренесуваме финансиските средства за да можат ординациите да работат релаксирано и да даваат услуги на нашите осигуреници, нагласи директорот на ФЗОМ.

На средбата станало збор и за новите анекси на договори кои, како што појасни, значително ги релаксираа казнените одредби и го имплементираа инструментот опомена како првично изречена мерка, доколку некоја ординација згреши во делот на административните постапки кон Фондот за здравствено осигурување.

– Генерално да сумирам, сметам дека беше исклучителен напорот на Фондот да го зголеми каптациониот бод. Наидуваме на општо задоволство кај матичните стоматолози. Се разбира, ние сме во континуиран дијалог со нив и во иднина ќе продолжиме заеднички да размислуваме за да имплементираме мерки, кои ќе бидат бенефит за нив, но и за пациентите кои се наша обврска и се грижиме за квалитетот на услугата која ја добиваат, рече Стефаноски.

Најави дека од 1 јули стартува и зголемувањето на капитациониот бод за матичните лекари, но повеќе детали за тоа ќе следуваат при посета на ординациите со матични лекари.

Доктор Трајче Карамазов од стоматолошката ординација „Карамазов дент”, изјави дека навистина фунционира системот за зголемување на капитацискиот бод.

– За ординации како мојата за која сметам дека се уште е во развој бидејќи постои нецели три години, тие придонеси и влијаат за поуспешно функционирање. Навремената исплата исто така позитивно влијае врз финансиското работење на една стоматолошка ординација, додаде Карамазов.

Најчитани вести