Директорите на ФЗОМ во посета на Битола

Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) Сашо Стефановски и Орхан Рамадани денеска ќе ја посетат подрачната служба на Фондот во Битола.

При посетата тие ќе го поминат поголемиот дел од работниот ден со вработените во подрачната служба и осигурениците.

Стефановски и Рамадани ќе ја посетат и новоотворената аптекарска станица во село Могила.

Посетата е дел од новиот проект „Директорите на ФЗОМ директно со осигурениците“.