Македонија

Директорите предупредуваат: ќе има казни за средношколците

Директорите предупредуваат: ќе има казни за средношколците

Во интервју на телевизија „Телма“, Директорот на битолското  средно техничко  училиште  јавно проговори за мерките кои  како можност  стојат на располагање за средношколците кои ја бојкотираат наставата. Тој посочи дека учениците кои не одат на настава ќе добијат неоправдани изостаноци. Сите одсуства ќе  бидат запишани за да се утврди  дали се оправдани или не и  според правилникот ќе добијат педагошки мерки, неоправдани изостаноци.